Крадец ограбил скопјанка додека се качувала во автобус

Денеска (20.03.2023) околу 13.10 часот на автобуска постојка на бул.„11 Октомври“, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје.

- Тој бил фатен при извршување кражба, при што од чанта на С.П.(65) од Скопје, при влегување во автобус, одзел паричник. Одземеното било вратено на оштетената, а лицето било задржано во полициска станица, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.