Kрадци од Скопје, краделе во црквата „Св. Недела“ во Катланово

Полицијата денеска приведе две лица во скопското село Катланово, кои утрото извршиле тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Катланово.

– Денеска (23.11.2020) во с. Катланово – Скопско од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец приведени се Д.Т. (46) и А.Н. (39), кои денеска меѓу 07 и 09 часот извршиле тешка кражба во црквата „Св.Недела“ во Катланово. По документирање на кривично правниот настан ќе биде изготвена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – соопшти МВР.