Крадци фатени на дело, меѓу нив и 17 годишна малолетничка

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени четири лица, меѓу нив и 17 годишна малолетничка, кои биле фатени при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од Железници – Трубарево.

– Денеска околу 2:30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени се од слобода М.М.(24), Б.С.(22), К.К.М.(29), сите од скопско и 17-годишна малолетничка од Скопје.  Тие се фатени при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од Железници – Трубарево, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму информираат дека од страна на инспектори од Одделението за криминалистички работи Гази Баба со ММ., Б.С. и К.К.М. е извршен службен разговор, при што го признале делото, а во консултација со Јавен обвинител за малолетници, а малолетничката е предадена на родителот и ќе биде дополнително повикана на разговор.

Како што информираат од МВР, одземените предмети ќе бидат вратени на сопственикот, а по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.