Ковид битката ја изгуби вработен во полицијата, незнаен јунак и човек кој има спасено многу животи

Денес ни замина Сашо Арсов – Каси. Незнајниот јунак за јавноста кој има спасено многу животи со својата посветена работа како еден од најдобрите стручњаци во контра диверзиона заштита. Ова е дел од објавата на фејсбук страната „Приказна од булеварот“.

Сашо последно бил вработен во Одделот за обезбедување во Министерството за внатрешни работи, а во својата кариера бил дел и од Баталјон за специјални намени „Волци“.

Во фејсбук објавата се вели дека Сашо бил спортист, боксер, челичен човек и патриот што преживеал се освен пандемијата од Ковид 19.

Колегите и пријателите на социјалните мрежи искажуваат последна почит за ликот и делата кои ги оставил Сашо.