Ковачевски: Кризата ја гледаме како шанса за напредок и создавање подобар стандард за граѓаните

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски беше на лидерскиот самит на Западен Балкан на Европските социјалисти и демократи во Виена, при што кажа дека на кризата гледа како шанса за напредок и создавање подобар стандард за граѓаните.

„Ова е нова фаза, каде што кризата ја гледаме како шанса за напредок и создавање на подобар животен стандард. Потребен ни е економски развој“, вели премиерот.

Ковачевски посочи дека главниот фокус е ставен на создавање на подобро платени работни места и притоа во Македонија во првите девет месеци од 2022 година се отвориле над 2.000 работни места.

„За да се надминат последиците од кризата треба да направиме две работи. Една од нив е да обезбедиме поддршка за граѓаните со мерки, а втората е да работиме на економијата“, кажа Ковачевски од Виена.