Котлар: Во практика, се прават намерни пропусти за да поминат веќе договорени (сомнителни) зделки

Проф. д-р Наташа Котлар -Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар од партијата „Глас за Македонија“, поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за „Локално“ вели дека сака да ја види општина Центар како културно средиште на градот и на државата во вистинска смисла на зборот. 

Во врска со изградбата на високатниците кај „Холидеј ин“ таа смета дека локалната самоуправа покажала слабост пред вирусот од проблематични ГУП-ови, ДУП-ови и други урбанистички недоследности, кои успешно се (зло)употребувле како стекнато право и алиби за градење на споменатите урбани изрази.

-Впечаток е дека во практика, се прават намерни пропусти за да поминат веќе договорени (сомнителни) зделки . Лично сметам дека по неколкумесечна борба за спас на центарот од градот од бетонизација и изградба на нови висококатници – (не)намерните грешки на Општина Центар којашто ги промашила елаборатите за суспензија ги зацементираа надежите дека ќе се сопре градежната инвазија, објаснува Котлар-Трајкова во интервјуто.