Костовски со пензионерите од општината прославија 15 години постоење на здружението на пензионери при Општина Бутел

Прославуваме 15 години постоење на здружението на пензионери при Општина Бутел, информираше денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски во објава на Фејсбук.

„Денес имавме одлична дружба со членовите на здружението на пензионери при Општина Бутел. Посакувајќи им многу здравје и долг живот ја започнавме денешната блиска средба. Убавата македонска песна, убавото македонско оро беа дел од денешната одлична дружба со највозрасните од нашата општина“, истакна Костовски.

Тој додаде дека пензионерите од Општина Бутел имаат голем партнер во него и општината.

„И во наредниот период ќе имаме голема поддршка за пензионерите од Општина Бутел“, порача градоначалникот.