Костовски се пофали: Нови 10 милиони денари за училиштата во Бутел

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски со видео за најновите инвестиции во училиштата низ општината. 

- Ја започнуваме новата 2025 година со нови 10.000.000 денари инвестиции во општинските основни училишта и во образованието. Инвестираме во нови училишни смарт табли. Го обновуваме и училишниот инвентар со нови клупи и столчиња. Два нови спортско-рекреативни центри во дворовите на основните училишта “Ацо Шопов” и “Живко Брајковски. Нови фудбалски терени со вештачка трева, нови детски игралишта со мека подлога, ново тениско игралиште со нова подлога и ново фитнес игралиште ќе бидат дел од новите спортско-рекреативни центри, сподели Костовски. 

- Градиме ново детско игралиште со мека подлога во дворот на општинското основно училиште “Визбегово”. Со ова за период од 3 години заокружуваме 80.000 000 денари инвестиции во образованието и општинските основни училишта.Образованието и младите остануваат наш врвен приоритет, дециден е Костовски кој сподлеи видео од проектите во образованието во општината.