Костовски: Општина Бутел навремено со брза реакција го расчистува снегот

Градоначалникот на Општина Бутел преку објава на социјалните мрежи информираше дека од раните утрински часови оштинскиот кризен штаб е на терен и ја следи ситуацијата со снежните врнежи.

„ Службите се на терен и се чистат наносите на снег. Исчистени се сите повисоки места и критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен.  Во текот на денот дежурни екипи од општинскиот кризен штаб и комуналното одделение заедно со потребната механизација ќе бидат поставени на најкритичните места доколу дојде до поголеми наноси на снег.

Апелираме до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација“, напиша Костовски.