Костовски: Општина Бутел ја стави на располагање својата механизација за справување со пожарите

До доцна во ноќта општинскиот кризен штаб беше активен и ја следеше состојбата со пожарите кои ја зафатија Скопска Црна Гора, информираше денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

По разговор со командирот на полициската станица и со останатите надлежни институции, како што информираше Костовски во својата објава на социјалните мрежи, Општина Бутел својата механизација ја ставила на располагање и спремна за делување.

Тој нагласи дека вчеравечер доброволни екипи од месната заедница Љубанци учествувале во гаснење и локализирање на пожарите.

„Остварив и телефонски разговор со општествено одговорни компании кои можат дел од својата градежна механизација да стават на располагање, посочи Костовски.