Градоначалникот на Бутел, Дарко Коствоски на социјалните мрежи информираше дека од понеделник општината започнува со најголемата градежна офанзива. Според Костовски ќе бидат опфатени 70 улици со вредност од 130 милиони денари.
На мое големо задоволство сакам да ве известам дека од понеделник започнуваме со најголемата градежна офанзива за изградба на нови улици и реконструкција на постоечките. До крајот на оваа година или поточно до крајот на мојот мандат ќе се инвестира во патната инфраструктура како никогаш до сега. 70 улици во сите населени места ќе бидат реконструирани а некои улици за прв пат ќе добијат асфалт. Дел од овие улици се клучни коловози во населените места.
Едни од поголемите улици кои се опфатени со оваа градежна офанзива се:
- ул. Боро Менков
- ул. 30 ( главната улица во н.м Љуботенски пат )
- ул. Боро Кралевски
- ул. Бетовенова
- ул. Симче Настевски
- ул. Марко Крале
- ул. Коритница
- ул. Киро Димушков
- ул. 1559
Еднакво ќе се инвестира во сите населени места“, напиша Костовски
Градоначалникот посочи дека ова се инвестиции само во патната инфраструктура додека наскоро ќе бидат промовирани и останатите капитални проекти за кои тој верува ќе бидат од големо значење за граѓаните на општина Бутел.