Како член на управниот одбор на ЗЕЛС градоначалникот на Бутел Дарко Костовски учествуваше во потпишувањето на, како што вели тој, историскиот договор помеѓу Владата на Р. Македонија и ЗЕЛС.
- Премиерот Христијан Мицкоски повлече историски потег, дадениот збор пред изборите го спроведе директно на дело, владата станува носечки партнер и подржувач на општините. Три години општина Бутел немаше никаква соработка со централните власти, и покрај тоа бележевме историски развој и реализирање на проекти како никогаш до сега. Со денешниот договор, не чека златното време на нашата општина Бутел, порача Костовски.
- Нашата општина е подготвена со визии и проекти за периодот што предстои, не чека реализација на историски проекти, додава Костовски.