Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски подготвува детален отчет за три годишното работење на општината.
Тој преку објава на својто фесјбук профил сподели само неколку клучни параметри по кои досегашната работа ја оценува како успешна.
- Целосно го менуваме ликот на Општина Бутел. Реализираме капитални проекти кои беа ветувани со децении, порача Костовски и наброја проектите со кои особено се гордее:
-Две нови градинки
-Ново училиште
-Корито на река Серава
-Плоштад
-Паркови
-15 врвни спортски терени
-15 детски игралишта
-3 Спортско рекреативни центри
Најави изградба на нова Поликлиника, патека на река Серава, мега парк во Радишани, водовод за Љубанци и Љуботен, пет нови спортско рекреативни центри, доградба на ООУ Ацо Шопов, асфалтирање на големи сообраќајници многу други проекти.
- Криминалците кои што управуваа со општината сега ја гледаат од трибини, порача Костовски.