Костовски: ДУИ и претходната Влада ги доведуваат во опасност учениците во ООУ „Визбегово“

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски посочи за проблеми со кои се соочуваат учениците во општината. Тој притоа го спомена основното училиште „Визбегово“ кое е во лоша состојба, и е изградено минатата година во период кога министерството за образование го водеше министер од редовите на ДУИ

„Во тек на вчерашниот ден се случи немил настан, целосната конструкција на еден прозор со тежина од над 50кг падна врз хигиеничарка која за среќа не е повредена. Покрај наведениот факт, во градбата на училиштето се евидентни други слабости кои можат да бидат потенцијална опасност. Директорот на училиштето веднаш и официјално ќе реагира до МОН за да ги извести надлежните за овие сериозни проблеми од претходната Влада“, кажа Костовски

Тој притоа кажа дека се разгледува можност за кривични пријави на директните инволвирани во причоцесот на градба, изведувачот и надзорот кој ја потпишал оваа градба.