Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на неговиот Фејсбук профил напиша дека кон крајот на оваа и цела следна година општината ќе се претвори во најголемото градилиште досега. Тоа според Костовски ќе биде круна на неговиот четири годишен мандат.
„Видливите промени ми даваат најголем мотив, реакциите од страна на граѓаните се големо задоволство. До крајот на оваа и цела следна година општина Бутел ќе се претвори во најголемото градилиште до сега. Следи сериозно добро поставен план, последната година од мојот мандат ќе биде круна на четири годишниот мандат“, напиша Костовски.