Костовски: Целосно реконструиран и асфалтиран кракот на улица 18 во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира дека денеска целосно е реконструиран и асфалтиран кракот на улицата 18 во Бутел. 

Тој на официјалната Фејсбук страница објави детали за активноста.

-Нова асфалтирана улица, нови задоволни граѓани. Денес целосно е реконструиран и асфалтиран кракот на улицата 18. Кракот на улица 18 во должина од 100 метри и ширина 3 метри, за прв пат доби асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон. Градежната експанзија продолжува и се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните. Еднаков и рамномерен развој на сите населени места - напиша Костовски.