Коњ оставен на тераса во Дебар маало, згрижен во ЗОО Скопје

Полицијата добила неколку пријави од граѓани дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда.

Од Зоолошката градина информираат дека коњот е згрижен кај нив.

-Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите, велат од Скопје ЗОО.