Концертот на „Меморија“ оваа сабота, се сели во „Борис Трајковски“

Заради најавата за невреме и исклучително лошите временски услови на територијата на Скопје оваа сабота, закажаниот концерт под отворено небо на групата „Меморија“, од стадионот на АРМ во Градскиот парк, се префрла во спортската сала А1 Арена „Борис Трајковски“.

– Купените Партер влезници важат, Фан пит влезниците исто така, додека со веќе купените влезници за седење на трибината на стадионот на АРМ по цена 1.200 денари, сега во салата ќе може да влезат две лица со една влезница. Од овој момент натаму остануваат уште 2.500 слободни места за седење, за сите оние што се’ уште не набавиле влезница и допрва имаат намера да го сторат тоа, а нивната цена изнесува 700. денари, информираат од групата „Меморија“.

Посочуваат дека продажните места за влезници остануваат исти: Југотон – ГТЦ 1 кат- Скопје и онлајн на: www.kupikartizase.com