Концерт на Каролина на денот на заљубените

Поп-пејачката Каролина Гочева на 14 февруари ќе одржи концерт во Интермецо бар. Ова ќе биде прв концерт на Каролина во Скопје по три години, а таа ќе ги испее најголемите хитови од нејзината кариера.

„Наздравете со вино, наздравете за љубов. Времеплов од најдобрата музика, вино, емоции и фантастична атмосфера“, стои во најавата за настапот што ќе се одржи на денот на виното и љубовта.

За потсетување, Каролина лани летото пееше на отворено на платото пред Млечен и тоа беше нејзина прва средба со скопјани откако почна пандемијата. Претходно, во 2018 година таа одржа пет концерта во Македонската опера и балет, кога го промовираше албумот „Извор“.