Концерт на „Екс Македониум“ вечерва во Музеј на македонска борба

– Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ вечерва ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба.

На програмата е репертоар од периодот на романтизмот, односно Сонатата за пијано и виолончело „Арпеџоне“ од Ф. Шуберт, Фантастични парчиња оп.73 од Р. Шуман, како и „Медитација“ од Ж. Масне.

Дуото „Екс Македоникум“ е формирано во 2021 година и го сочинуваат Драган Гоневски, на виолончело и Димитар Ганчевски, на пијано. Влезот за концертот е бесплатен.