„Концепт за ликовен израз“ - предавање на професор Душан Перчинков во МСУ

Утре, во 12 часот во МСУ-Скопје, професорот Душан Перчинков ќе одржи предавање насловено „Концепт за ликовен израз“ во кое што ќе се осврне на различните фази на креативниот процес со акцент на концептот како нешто што е дел и од практичното приближување кон формирањето на дефинитивниот ликовен израз, информираат од Музејот на современата уметност, Скопје.

-Ставајќи го во контекст на едно сложено линеарно, но и нелинеарно развивање на процесот, концептот за визуелен израз ќе биде претставен преку примери од светската историја на уметност, вклучувајќи класични и модерни автори како Рембрант, Пикасо, Мондријан...Предавањето е дел од Интедисиплинарната програма на МСУ- Скопје под наслов „Без/редие во светот на уметноста“, која се реализира во рамки на Годишната програма финансиски поддржана од Министерството за Култура на Република Северна Македонија - велат од МСУ.

Разговорот ќе го води Владимир Јанчевски, а влезот е бесплатен.