Комуникацијата е најважна: 3 теми за кои е задолжтелно да се разговара со тинејџерите за здрав и квалитетен однос

Со адолесцентите кои допрва треба да го пронајдат својот пат деликатните и осетливи разговори не се лесни, но се неопходни за да се изгради меѓусебна доверба родител-дете и се прав пат кон полесно созревање на детето.

Разговорите со децата се нужни да се изгради квалитетен однос и меѓусебна доверба, како и на време да се разјаснат сите недоумици и да се објаснат работите кои во животот доаѓаат по природен тек. Како што од мали мораат да научат да мијат раце, заби, да бидат пристојни во комуникацијата со другите луѓе, така со тек на време животот носи теми за кои е многу важно да се разговара. 

Децата согласно возраста треба да станат способни самостојно да ги совладуваат препреките и размислувањата за да бидат спремни и да знаат да одлучат кога ќе се најдат во одредена ситуација. Во текот на растењето, важно е да се негува меѓусебна транспарентна комуникација, која треба да биде искрена, со почитување и разбирање - тоа е темелот за воспоставување здрав и квалитетен однос родител-дете.

Адолесценцијата е стресена за децата затоа што во тој период тие уште не се свесни за себе, а учат и за себе и за другите.

Разговор за вредноста на парите

Најважниот чекор во учењето за финансиите е создавање одговорност кон парите. 

Додека помалите деца воглавно ги интересира дали родителите ќе им ја купат играчката и зошто не го добиле секогаш тоа што го посакале, тинејџерите во разговор за пари сепак ќепростават повеќе прашања.вТие многу добро знаат колку се важни парите и што се може да овозможат споредувајќи се и гледајќи ги другите врсници. Иако веројатноста дека уште не заработиле сами свој џепарац е многу голема, сепак тој е добар пример да им се покаже дека парите не се заработуваат едноставно и лесно, па не треба и лесно да ги трошат.

Разговор за излегувањето и алкохолните пијалоци

Тинејџерите кои за себе сметаат дека не се повеќе деца, со самото излегување без родителски надзор, почнуваат да се наоѓаат во ситуации на разни искушенија, па така и пред искушението за кое е неопходно да се превенира на време – малолетничката консумација на алкохол и други опојни супстанции. Ваквиот разговор не е едноставен, секогаш има негирање и пружање отпор од страна на детето, но пробајте полека, смирено, на едноставен но сликовит начин, со многу опипливи примери и реални случки да му објасните на детето што се може да се случи во ситуации кога алкохолот го диктира однесувањето или експериментира со одредени психотропни супстанции. Во текот на овој период на растење ќе се соочуваат со разни искушенија и наговарања, затоа е важно да им се укаже на најважното – да  знаат да кажат НЕ. Како за се останато, така и кога станува збор за алкохолот, едуцирајте се прво вие како родител за да можете тоа знаење да го пренесете на вашето дете. Одберете вистински момент за разговор на оваа тема и бидете внимателни како му пристапувате на детето. Во разговорите со детето пристапете искрено и со мирен пријателски тон на гласот за да може детето да ја разбере темата и пораката што сакате да му ја пренесете. 

Razgovor o izlascima i konzumaciji alkohola s adolescentima nije jednostavan, ali je nužan jer je upravo roditeljska uloga u ovoj situaciji ključna

Бидете им пример на вашите деца, затоа што тие најпрво го копираат однесувањето и ставот на родителот кон одредена работа и затоа е важно да бидете свесни колку улогата на родителот е важна во секој сегмент од животот на детето, посебно кога се во прашање теми кои многу можат да влијаат на неговиот живот.

Прифатете го нивното мислење дека тие се веќе големи и на разговорите пристапете им со полно разбирање и почит. Дајте им на знаење дека нивните ставови и мислење ви се многу важни. Проверете дали се доволно информирани и информирајте се заедно на забавен начин.

Разговор за самопочитувањето и односот со врсниците

Чувството на самодоверба е наша можност да веруваме дека за нешто сме доволно способни и дека можеме да совладаме одредени ситуации кои се пред нас. За да се изгради самодовербата кај една личност, посебно кај млад човек, потребни се континуирана работа и сигурно опкружување. Овој процес е долготраен и почнува уште од најраното детство кај детето.

Бидете свесни дека всушност вие како родител ја имате најважната улога во градењето на детската самодоверба, на која можете континуирано да работите на бројни начини. Во тој долготраен процес клучни се пофалбите, но и критиките кои детето ги добива од родителот или од својата околина за она што само ќе постигне.

Не заборавајте да го пофалите детето кога ќе направи нешто добро, па макар и за наизглед мали работи. Така ќе се чувствува важно, вредно затоа што пофалбата во него предизвикува чувство на вредност за самиот себе кое ќе го носи со себе низ целиот живот.

Кога упатувате критика, бидете внимателни. Имајте на ум критиката секогаш да се однесува на неговите дела, а не на неговите особини или надворешен изглед. Во посебно чувствителен период од животот, како периодот на адолесценција, тинејџерите за прв пат се соочуваат со видливи промени на своето тело, но исто така и како никогаш пред тоа се соочени со осуди или предрасуди кои доаѓаат од нивните врсници. За прв пат добиваат чувство за себе и желба за тоа какви личности сакаат да бидат и поради тоа изградбата на внатрешното „јас“ и здравиот однос со врсниците во тој период од животот се многу важни.

Za izgradnju djetetova samopouzdanja potrebni su kontinuirani rad i sigurna okolina, a to je dugotrajan proces koji počinje još od malih nogu

Во зависност од самото дете, некои се искажуваат подобро и полесно како растат, а некои потешко од претходно. Затоа, кога разговарате бидете трпеливи и толерантни. Научете да го слушате детето и не му пристапувајте од ваша перспектива на возрасен, туку обидете се да ја разберете неговата страна од приказната и потрудете се да му бидете поддршка. 

Адолесцентот кој развил повисок степен на самодоверба полесно се носи со неуспех, кога ќе дојде до тоа, поуспешно се соочува со предизвиците кои се пред него и има квалитетен однос со врсниците. Дајте му на знаење на детето дека слободно може да ви се обрати за се што го мачи и за сите проблеми што ги има. 

Чувството на сигурност и љубов што детето ја добива од своите блиски ќе му помогнат да изгради однос со околината, што на негова возраст е клучно за правилно да порасне и да созрее.