
Јавното претпријатије Комунална хигиена - Скопје информираше дека во текот на месецот април 2025 година, подигнати и транспортирани се 1995 кубни метри отпад од диви депонии, од коишто најголемиот дел во општините Чаир – 430 м3, Ѓорче Петров – 390 м3 и Центар – 380 м3.
„Во рамките на изминатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 17 записници за лица и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад. Најголем број записници –вкупно 7, се изготвени во скопската општина Чаир. Еко-патролата во координација со инспекциските служби на Градот Скопје секојдневно спроведуваше и дежурства на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Реализирани се интервентни дежурства во реонот на Арената „Борис Трајковски“, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и до детското игралиште на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и на улицата Џон Кенеди“, велат од Комунална хигиена.