Комунална хигиена продолжува да го расчистува снегот и дивите депонии во сите скопски општини

ЈП Комунална хигиена-Скопје известува дека во текот на вчерашниот ден во три смени се реализирани активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, како и во пешачките зони во централното градско подрачје.

„Воедно, во скопската општина Чаир беа спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди - до ООУ „Васил Главинов“, Славеј Планина - во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот Крсте Мисирков – зад т.ц. Мавровка. Во рамките на овие активности беа подигнати и транспортирани вкупно 50 кубни метри непрописно одложен отпад“, се вели во соопштението.