Комуналец со еко записници и деноноќни дежурства се бори против формирање на диви депонии

ЈП Комунална Хигиена - Скопје известува дека нивните екипи изготвиле 22 едукативно-информативни записника за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир и Бутел.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно на терен ги активираше и интервентните еко-патроли коишто реализираат деноноќни дежурства на т.н. „црни точки“, односно локациите каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Во рамките на интервенциите на Еко-патролата во изминатите седум дена од страна на сторителите беа отстранети вкупно 57 кубни метри непрописно одложен претежно градежен и кабаст отпад“, се вели во соопштението.