
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Гази Баба.
Од таму информираат дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф-200мм на улицата „1647“ бр.8 Скопје - Гази Баба, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од комплексот згради позади Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на работните активности.