Комората на психолози е за онлајн настава

Мирјана Јовановска-Стојановска, претседателката на Комората на психолози, смета дека во овој момент оптимално решение е децата од 1 септември да продолжат со онлајн настава.

Како што вели таа за МИА; онлајн наставата има свои предности, бидејќи децата ќе можат од дома, во една сигурна средина да учат и да ја следат наставата, а од друга страна, смета дека ќе има помалку социјализација, децата нема да имаат директен контакт ниту со наставниците, ниту со врсниците да го совладаат подобро материјалот.

„Ќе изгубат, нема да добијат некои работи, но од друга страна ќе го зачуваат здравјето, животот на своите блиски, на луѓето на кои им треба помош“,нагласува таа.