Комити по повод 25-годишнината од „Карпалак“: „Не простуваме, не забораваме“

По повод 25-годишнината од масакрот кај Карпалак, членови на навивачката група „Комити Скопје“ со емотивна порака се потсети на десеттемина бранители кои ги загубија животите на 8 август 2001 година.

„Ти оставив златни дечиња, горди да бидат на Македонија. Не простуваме. Не забораваме. 08.08.2001 – Карпалак“, стои во објавата на „Комити Скопје“.

На фотографијата која ја објавија, може да се забележи како членовите на групата стојат со транспарент „Не простуваме. Не забораваме“.

На 8 август 2001 година, кај месноста Карпалак, во заседа во која беше нападната колона на македонските безбедносни сили, животот го загубија: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.