Комисијата за заразни болест во понеделник ќе ги разгледа можнистите за воведување нови мерки

Министерот за здравство Венко Филипче вчера уште еднаш апелираше граѓаните да се вакцинираат, бидејќи опфатот е се уште мал. Тој забележа дека по секое воведување на нова мерка, интересот за имунизација расте, но потоа, по извесно време, се намалува.

– Изминативе неколку дена ист е бројот на новодијагностицирани, 500 до 600. Тешко е да  се каже дали оваа бројка ќе бележи пад. Вакцинацијата добро се спроведува на сите пунктови. Последните денови има намалување на интересот и е околу 2.000. Вкупно се вакцинирани 767.000 граѓани. Вирусот се шири и има тешка форма меѓу невакцинираните, над 90 отсто од сите починати се невакцинирани и од вкупнодијагностицираните 30.000 граѓани од 6 до 16 септември 21 процент се вакцинирани. Апелирам граѓаните да се вакцнириаат, се уште е мал опфатот. Потребен е многу поголем процент за да постигнеме целосен имунитет и да се смени сликата со пандемијата, рече Филипче.

Во изминатите десетина дена бројот на слободни кревети во Скопје е константен, 30 на интерните клиники, три одделенија се ангажирани, а другите работат нормално.

– Од октомври, таму каде што се бараше потврда за само една доза вакцина, ќе се бара сертификат за целосна имунизација, со две дози, рече Филипче.

Ова, појасни, е новата мерка што ќе се воведе најверојатно идниот месец. За други рестрикции засега не се размислува.

Бројката на новодијагностицирани со Ковид во моментов е слична на онаа од изминатите денови, а нема ниту зголемен број хопспитализирани деца. Дали ќе се менува нешто во образовниот модел, ќе се знае откако ќе биде готова експертската анализа. Резултатите од анализата за опфатот на вакцинацијата и возрасната група на дијагностицирани, се очекуваат во сабота и ќе бидат идникатор и за тоа дали евентуално ќе се предложат дополнителни мерки. Потоа, во недела или понеделник, се очекува состанок на надлежните.

Според Филипче, за задолжителна вакцинација е се уште рано иако не е исклчучено дека ваков потег ќе направат некои земји до крајот на оваа или идната година.

– Единствено нешто на што засега размислуваме е да биде дозволен влез со целосна имунизација таму каде што досега се бараше една доза вакцина. Но, ќе оставиме доволно време, две или три недели, за граѓаните, затоа и најверојатно оваа мерка ќе се воведе во октомври. За задолжителна вакцинација е се уште рано, но не ја исклучувам можноста. Некои земји можеби идната година ќе воведат и таква мерка, но засега граѓаните треба да се свесни и да одговорат на апелите да се вакцинираат, зашто тоа е единствен начин за борба против пандемијата, истакна Филипче, потенцирајќи и дека токму каде што е најголем опфатот со вакцинацијата, Охрид, Ресен, Вевчани, Неготино, Кавадарци, најмал е притисокот врз болниците, а онаму каде што има најмалку вакцинирани, како во Тетово и Гостивар, притисокот е огромен.