Комбуха - антички делотворен напиток за подобро здравје

Постојат многу природни лекови и еликсири за подобрување на здравјето, а еден од најстарите и најделотворните е комбухата.

Таа нуди многу здравствени бенефити, а многу податоци покажуваат дека се користила уште 220 години во Кина. Се верува дека овој напиток го пиеле војниците на Џингис Кан што им давало енергија и ги чувало од болести. Приказната за нејзината лековитост опстојува и денес, а таа е многу популарна меѓу љубителите на здравата исхрана.

Комбухата претставува симбиозна микробиолошка култура. За разлика од кефирот, кој вообичаено се прави во млеко, таа се размножува во вода, а притоа во неа често се додава и шеќер, бидејќи добрата бактерија се храни од него. 

Таа е богата со Б витамини и фолна киселина кои се неопходни за обновување на клетките. Освен тоа, богата е со органски киселини, ензими, полифеноли, а сето тоа заедно делува одлично на нашето здравје.

Основните здравствени предности на комбухата се следните:

  • Го подобрува имунитетот
  • Ја поттикнува работата на црниот дроб и белите дробови
  • Го намалува крвниот притисок и нивото на лошиот холестерол
  • Ги намалува болките во зглобовите
  • Ја ревитализира косата 
  • Помага во намалување на килограмите