Постојат многу природни лекови и еликсири за подобрување на здравјето, а еден од најстарите и најделотворните е комбухата.
Таа нуди многу здравствени бенефити, а многу податоци покажуваат дека се користила уште 220 години во Кина. Се верува дека овој напиток го пиеле војниците на Џингис Кан што им давало енергија и ги чувало од болести. Приказната за нејзината лековитост опстојува и денес, а таа е многу популарна меѓу љубителите на здравата исхрана.
Комбухата претставува симбиозна микробиолошка култура. За разлика од кефирот, кој вообичаено се прави во млеко, таа се размножува во вода, а притоа во неа често се додава и шеќер, бидејќи добрата бактерија се храни од него.
Таа е богата со Б витамини и фолна киселина кои се неопходни за обновување на клетките. Освен тоа, богата е со органски киселини, ензими, полифеноли, а сето тоа заедно делува одлично на нашето здравје.
Основните здравствени предности на комбухата се следните: