Колку време треба да помине по третата, за да примите четврта доза вакцина против ковид?

Од вчера стартуваше вакцинацијата со четврта доза против ковид-вирусот кој повторно зема замав. 

Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19, за што не е потребно закажување. 

Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна.

Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци, велат надлежните. 

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.   

-Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, порачаа од Комисијата за заразни болести.