Колку ќе чини паркингот во Автокоманда?

Општина Гази Баба најави дека ќе се воведе зонско паркирање во Автокоманда за да се среди сообраќајниот хаос, а наскоро се очекува да го достави сообраќајниот проект на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи.

Потоа треба да стигне согласност за воведување на зонско паркирање во Автокоманда и од јавното претпријатие „Градски паркинг“.

Паркирањето на две возила за секое домаќинство во Автокоманда ќе биде бесплатно, додека за останатите паркирањето ќе чини 25 денари од час. Ќе постои и гостинска карта која ќе чини 10 денари од час, додека месечната карта за паркирање на службено возило ќе чини 300 денари, објави „Вечер“.