Колку ќе чинат влезниците за концертот на Дуке Бојаџиев во Скопје?

Авалон Продукција објави дека влезниците за досега најголемиот концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје ќе бидат пуштени во продажба од понеделник (18.01.2016).

Билетите за концертниот проект „Дуке и пријателите“ кој ќе се одржи на 20-ти февруари во арената „Метрополис“, а во органнизација на Авалон продукција, ќе се движат по цени од 600 до 900 денари и ќе може да ги набавите преку продажната мрежа на Купи карти за се, како и онлајн на www.kupikartizase.com. Со секоја купена карта следува подарок DVD од концертот кој се одржа лани на Античкиот театар во Охрид.

По незаборавниот концерт во „Карнеги хол“, извонредниот Дуке Бојаџиев ќе настапи пред македонската публика. Како специјални гости со Дуке на сцена ќе настапат неговите пријатели Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Исмаил Лумановски, Тања Царовска, Никола Ристановски, Матијас Кунзли и Костас Анастасиадис.

Извонредно отворање на новата концертна сезона во Македонија.