Колку изнесува минималната, а колку максималната пензија во Македонија?

Условите за пензионирање се еднакви за сите осигурени лица во задолжителниот пензиски систем кој се состои од прв и втор столб: возраста од 64 години за мажите, и 62 години за жените, и минимум 15 години пензиски стаж.Во случај на инвалидност, правото на пензија може да се стекне пред 64, односно 62 години. 

Пензискиот систем игра голема и важна улога во обезбедувањето сигурност на приходите на работниците и нивните семејства. Пензискиот систем е важен бидејќи вклучува доста луѓе, а речиси сите граѓани користат пензија. Пензиските системи се тесно поврзани со економијата на една земја.

Целта на пензискиот систем е да го обезбеди населението со пензиско осигурување за заштита од сиромаштија во подоцнежните години.  

Колку изнесува просечната пензија во нашата земја и колку луѓе користат пензија?

Според податоците за состојбата на бројот на корисници на пензија за јули 2016 година, вкупно 301.933 луѓе ја искористиле својата просечна пензија.

Просекот за семејната пензија изнесува 10.452 денари, за инвалидската пензија 11.839 денари, за старосната пензија 14.476 денари. Најниска е просечната земјоделска пензија која изнесува 6.172 денари, а највисока е воената пензија која изнесува 20.254 денари. 

Вкупниот просек на исплатена пензија за месец јуни 2016 година е 13.139 денари.

Според видот на пензија, најголем дел од пензионерите во нашата земја припаѓаат на старосната пензија со 61.26%. После неа следува семејната пензија со 25.26%, инвалидската пензија, со 12.83%, воената пензија со 0.51% и земјоделската пензија со 0.13%.  

Минималната пензија изнесува 7.783 денари, додека максималната пензија изнесува 38.394 денари. Само 0.63 проценти од пензионерите ја земаат најголемата пензија.