
Професорот од Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски преку сеопфатен фејсбук статус направи своја опсервација на актулениот случај кој ја крена јавноста на нозе, а тоа е скандалот на скопска Онкологија.
Вели дека треба да се почекаат резултатите од истрагата и доколку се докаже дека криминалот навистина се случил, тогаш би требало и со неа некој сериозно да се позанимава, бидејќи ни ваква дрскост и оправдување на злосторството не смеат да останат неказнети, инаку ќе ни се повторат утре во уште полоша форма.
Вели лично не е изненаден.
- Колку и да е нечовечки најновиот криминал, сепак лично не сум многу изненаден - тој претставува само уште една манифестација на сéприсутната корупцијата и распадот на организираната држава. Се разликува само местото на злосторот - сега се случи во здравството, а со години наназад се случува во образованието, само што таму никој ништо не презема, иако последиците се подалекусежни, коментира професорот.
- Веќе зборував дека со лажирани комисиски полагања, само на моите предмети, до сега незаслужено се стекнале со факултетски дипломи помеѓу 100 и 150 кандидати, откако претходно предавале по три празни испитни тетратки на редовните испити. Злосторот се случил, иако сé е покриено со законите. Дали нешто се реши? Ништо не се реши. Кандидатите се веќе на работа, многумина веќе магистрирале и докторирале, иако празните испитни тетратки стојат како докази, а проверката на знаењето на тие кандидати може да се направи во секое време, го сподели Трајковски своето искуство.
На крајот вели:
Но, што да се прави, ова е Македонија и затоа ќе ни се случуваат вакви катастрофи и ќе поминуваат неказнето - денеска на онкологија, претходно со изградбата на модуларната болница од запалливи материјали, а образованието продуцира шкарт на перманентна основа. Сé е веќе совршено предвидливо и може да ме изненади само местото на некое ново злосторство утре, но не и самото злосторство, вели професорот.