Колку е квалитетна и безбедна за пиење водата во Скопје ?

Хемиската лабораторија која функционира во рамки на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, е секогаш во служба на граѓаните. Имено сите испитувања се изведуваат во согласнот со одредените правила, норми и регулативи во Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење,се наведува во соопштението.

На годишно ниво се изведуваат хемиски анализи на над 10.000 примероци на вода за пиење земени од над 50 места распределени долж водоснабдителниот систем на град Скопје, во должина од повеќе од 100км.

„Врз основа на резултатите кои се добиваат, утврдено е дека граѓаните на град Скопје, повеќе од 60 години пијат технички исправна вода за пиење со висок квалитет, што всушност претставува благодет и дар од природата кој го добиваме од изворот Рашче“, истакна Билјана Петровска, раководител на хемиска лабораторија за питки води, во рамки на ЈП Водовод и канализација – Скопје.