Колку чини човекот?

Нè купуваат, зарем не забележувате?
Некои го прават тоа со убав збор, некои со насмевката.
Некои со лажни ветувања.
Ни нудат и дворци и кули, а сепак, не го познаваат она најважното. Човечноста.

За нив сме само потрошна роба. Тргнуваат со нас како ќе им падне на ум.
Нè уверуваат дека тие ќе ни дадат нешто.
И во нас оставаат чувство дека ние треба да им бидеме благодарни. Дека сè e поради нив. 

Тие ќе направат сè и сешто за да бидеме на нивна страна, но и натаму, тие само купуваат.
Роба која им е моментално потребна.

Кога ќе дојде време за нова роба, лесно ќе ве заборават.
Ќе ве отфрлат лесно, заборавајќи дека воопшто постоите. Ќе ве прекријат со прашина. 

Повеќе не сте им потребни. Тие ќе си купат некој друг и така постојано одново.
Од памтивек луѓето се вешти трговци. 

На крајот се прашуваме, како можеле да го направат тоа.
Тие едноставно се такви.
Зошто им го дозволуваме тоа?

Оној кој вистински дава, дава и не очекува ништо за возврат.
Нема да се фали со тоа колку ти помогнал и колку е добар.
Ќе молчи... затоа што дал без никакви очекувања, од причина што тој така сакал, а не за другите да видат и да чујат.