Колач со кандирано овошје

Вкусен, лесен за подготовка и нема да ви одземе многу време.

Состојки:

Две јајца
4 лажици шеќер
Една лажичка пециво
4 лажици брашно
50 мл масло
Една лажица кисела павлака
120 гр кандирани вишни
Две лажици кандирана кора од портокал
100 гр темно чоколадо

Подготовка:

Се матат јајцата и шеќерот. Откако се изматени, соединуваме со масло и кисела павлака. Во друг сад ги соединуваме брашното, пецивото и другите состојки. Промешуваме, да се обложат со брашното чоколадото и овошјето. 

Соединуваме со смесата од јајца и шеќер. Се пече во калап во облик на векна. Почекајте да се излади за да се спојат состојките.