Колач со банани и морков

Морковот е состојка која одлично оди во десерти, а овој колач е доказ за тоа.

Состојки:

Две јајца
170 гр шеќер
60 гр павлака
100 гр стопен путер
280 гр брашно
Една лажичка пециво
Малку сода бикарбона
Две банани
50 гр рендан морков
100 гр чоколадо
Масло

Подготовка:

Изматете ги јајцата и шеќерот. Во изматената смеса ставете путер и кисела павлака. Испасираните банани измешајте ги со ренданиот морков и додајте во смесата.

Во друг сад измешајте ги сувите состојки, зачинете со цимет и ванила по желба. Измешајте со другата смеса и ставете во тава за печење. 

Испечете 30 минути на 200 степени. Кога ќе се излади прелијте со глазура од чоколадо и масло. По желба можете да ставите и сецкани јатки врз глазурата или шеќерни трошки.