Колач медено срце

Богатиот вкус на црното чоколадо и мармаладот ќе ги разбудат сите ваши сетила и ќе сакате парче повеќе само за себе.

Состојки:

250ml минерална вода

120ml масло

200g кафеав шеќер

1 лажица мармалад од кајсија

250g брашно

3 лажици какао

1 лажичка сода бикарбона

1 лажичка цимет

За премачкување на колачот:

3 лажици мармалад од кајсија

Глазура:

100g темно чоколадо

2 лажици масло

Подготовка:

Во поголем сад ставете ја минералната вода, маслото, шеќерот и една лажица мармалад.

Во посебен сад измешајте ги брашното, какаото, сода бикарбоната и циметот и додадете ја течната смеса.

Мешајте со миксер додека не добиете хомогена смеса без грутки.

Турете ја смесата во подмачкан сад за печење со големина околу 25 х 25cm и печете 25 минути во загреана рерна на температура од 200°C.

Додека колачот е жежок премачкајте го со мармалад.

На тивок оган стопете го чоколадото со 2 лажици масло и со тоа премачкајте колачот.

Забелешка: За сите оние кои не постат, чоколадната глазура можете да ја направите и така што наместо 2 лажици масло ќе ставите 3 лажици слатка павлака.