Колач кој се топи в уста

Благото нѐ прави посреќни, затоа нашиот денешен избор за вас е овој кремаст колач кој се топи во устата!

Птребни ви се овие состојки:

  • 150 грама мелени бисквити
  • 200 грама бисквити
  •  5 праски
  •  300 грама шлаг
  •  350 + 100 милилитри ладно млеко
  • 200 милилитри слатка павлака
  • 50 грама чоколадо по вкус

Изматете го шлагот со млекото, па додадете ја киселата павлака и продолжете да матите. Изматениот шлаг поделете го на два еднакви дела, па во едниот додадете ги мелените бисквити и сè добро измешајте.

Потопете ги немелените бисквити и почнете да ги редите по плехот или на чинија. Потоа, тој ред бисквити намачкајте го со шлагот и мелените бисквити.

Потоа излупете ги, добро измијте ги и исечкајте ги на помали делови праските, па редете ги врз шлагот.

Во останатата половина од шлагот, додадете го остатокот од немелените бисквити, кои прво ќе ги искршите со раце. Чоколадото, најдобро бело, исечкајте го на парчиња, па него и искршените бисквити додадете ги во шлагот и сè добро измешајте. Оваа смеса ставете ја врз редот праски.

Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне, идеално е преку ноќ.

Декорирајте со исечкани праски, рендано бело чоколадо, шлаг по вкус.