Која е тајната на луѓето кои ретко се лутат?

Познавате ли луѓе чии одговори секогаш се прилагодени на секоја ситуација, дури и кога чувствата се распламтени на секоја страна?

Голема е можноста дека таа личност има високо ниво на емоционална интелигенција, која се однесува на способноста на поединците точно да управува со сопствените чувства, но и да ги прочита сопствените чувства, но и чувствата на луѓето околу мене. Емоционално интелигентните луѓе често остануваат мирни дури и во жестоки ситуации и поради тоа тие најчесто воспоставуваат хармонични односи со луѓето околу нив. 

Еве една техника која вообичаено ја користат овие луѓе:

Секогаш кога сте во ситуација која директно бара емоционален одговор и влијае на чувствата, подарете си 24 часа пред да донесете заклучок и да ги изнесете вашите мислења и чувства. Кога сте под притисок, вашиот нервен систем лудува и вашето тело е преплавено со адреналин, кортизол и други хормони кои ве спречуваат да делувате на рационален начин.

Емоционално интелигентните луѓе знаат дека дури и оние кои обично остануваат смирени и сталожени, настојуваат да ги контролираат своите чувства. Тие знаат дека времето е вредна алатка за решавање на проблемите. Одвојување време за обработка на вашите чувства и разгледување на пошироката слика на некоја ситуација, ве спречува да излезете од контрола, да покажете фрустрација, лутина или тага. Секој нагон да се реагира на одреден начин ќе се намали во рок од неколку часа и ќе ви даде можност трезвено да размислите за вашите следни чекори. 

Овој пристап кон конфликти и решавање проблеми, долготрајно ќе ги зашити вашите врски од непотребни спорови. Со создавањето на мало временско растојание од личноста која ве повредила илили налутила, покажувате почит и за нивните чувстба и за тежината на ситуацијата.

Затоа, следниот пат кога некој ќе ве вознемири, едноставно тргнете се од личноста во следните 24 часа. Обидете се, ако е возможно, да мислите на нешто друго, на нешто што ви е поудобно. Па така, вашите чувства ќе се стабилизираат и ќе ви остават простор да смислите рационален одговор на кој и да било проблем.