
На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), профилот со псевдоним „јас не сум“, ја сподели приказната со сидрото на кејот на Вардар сите сме го виделе.
На кејот на Вардар - реката спомната во Илијада (да се потсетиме) постои едно сидро кое верувам сите сте го виделе.
Денес, ќе дознаете зошто стои таму, што претставува и дали е вистинско сидро или скулптура pic.twitter.com/W6WN2RWwdo— jas ne sum (@jas_sme_) April 4, 2026
Во допонителните ре-твитови од оригиналниот, „твитерџијата“ пишува дека „во 1948 година бродоградилиштето во Риека “3 мај” создава брод кој решаваат дека ќе се вика „Скопје”. Кога бродот бил спремен за пуштање во морето испратиле покана до градското собрание. “Градот Скопје да испрати делегација на свеченото пуштање во море на бродот „Скопје“.
Истиот ден вечерта, според неговото пишување, делегацијата од Скопје, земале персиски килим како подарок и тргнале со воз за Риека. На железничката станица во Риека ги пречекала делегацијата од бродоградилиштето „3 Мај“.
„Свеченоста се одржала на бродоградилиштето во Риека и била од големи размери. На свеченоста бил и министерот за поморство на Југославија, Вицко Крстуловиќ. Церемонијата на нурнување на бродот во море била на многу високо ниво, а нашата делегација одржала говор за благодарност“, се вели во еден од серијата твитови.
И така на 21.9.1948 година во Јадранското море заплови бродот “Скопје”.
Брод кој спаѓаше во класата полутоварни бродови со носивост до 10.000 тони. pic.twitter.com/8KHauiyep8
— jas ne sum (@jas_sme_) April 4, 2026
„Бродот Скопје пловеше по сите светски мориња, a кога конечно беше целосно амортизиран, се врати дома во Риека на сечење и топење. Но тогаш градот Риека решава да не го уништи сидрото и во знак на пријателските односи со Скопје и за спомен го испраќа сидрото на бродот во Македонија“, раскажува „јас не сум“.
Раскажувачот вели дека оваа приказна му/ѝ била многу убава, бидејќи зборува за пријателството помеѓу два оддалечени градови.
„Искрено ми е жал што сидрото нема информативно обележје за повеќе луѓе да ја дознаат приказната и да стане туристичка атракција“, заклучува во твитот „јас не сум“.