Која е најголемата грешка која ја блокира среќата?

 

Кога ќе се појават проблеми и препреки во животот, првото нешто што го правиме, повеќето од нас, е да паднеме во вител од мисли. Најчесто тие мисли се негативни и опсесивни и во таквите моменти, тие нè оптоваруваат, создаваат нервоза и стрес. Ваквите мисли не можат да ни помогнат, само нè блокираат.

Писателот Екарт Тол, автор на бестселерот „Моќта на сегашниот миг“, истакнува дека ова е грешка што многумина од нас ја прават.

Тој вели: „Со размислување не ги решавате проблемите - со размислување ги создавате. Решението секогаш доаѓа кога ќе излезете од размислување и ќе влезете во состојба на тишина и апсолутно присуство, барем за миг. Потоа, малку подоцна, кога мислата ќе ви се врати, одеднаш се појавува креативен увид што претходно не постоел. Оставете го прекумерното размислување и ќе видите како се` околу вас се менува“.

Следниот пат кога ќе ве „нападнат“ негативни мисли, одлучете се да бидете сами, изолирајте се во тишина, затворете ги очите и визуелизирајте ги сите оптоварувачки мисли кои ве напуштаат. Сфатете дека сте во сегашниот момент, дека веќе не е важно што се случило или што ќе се случи. Вие сте СЕГА и ТУКА, мирни, слободни, неоптоварени! По едно вакво искуство, како што вели Екарт Тол, ќе добиете креативни сознанија кои можат да помогнат да се реши секој проблем, да се надминат пречките и да ви се променат животите на подобро.

Според Екарт Тол: „Ако сакаш да разбереш што е навистина твое, пушти го да си оди, а она што е твое ќе остане со тебе. Кога го отфрлате очекувањето дека некоја личност, ситуација, место или нешто ќе ве задоволи, полесно ви е да бидете присутни во сегашниот момент, бидејќи веќе не го чекате следниот момент“.