Која е најдобрата страна на раскинувањето?

Иако раскинувањето најчесто не припаѓа во пријатните случувања, експертите велат дека во нив има нешто добро, затоа што секое прекинување не враќа назад кон самите себе. Психотерапевтот Марк Кијану тврди дека љубовните разочарувања можат да бидат добри, затоа што не челичат.

Тој вели: „Кога саканите ќе не остават или ние ги оставиме нив, најчесто мислиме дека никогаш нема да си дојдеме на себе. Првите неколку дена не можеме да го замислиме животот без нив, едвај стануваме од кревет и се чувствуваме немоќно. Но, како што проаѓаат деновите, стануваме се посилни, повеќе размислуваме за себе, а помалку на нив. Тага прераснува во инает или бес, а тоа е позитивно, затоа што тоа значи дека почнуваме да живееме. Одеднаш сфаќаме дека толку многу луѓе сме ги занемариле поради партнерот и повторно ги враќаме во животот.

Тој советува дека после раскинувањето треба да се вратиме на старите хобија и да размислуваме за нови амбиции и да владееме со себе, да се почастиме себеси со некои убави работи и од себе да го извлечеме се она што сме го поттиснувале додека сме биле во врска.