Кој е вашиот најголем страв кога сте во врска според хороскопскиот знак

Кога сме во врска сите се плашиме од нешто, некои дека партнерот ќе ги повреди кога тоа најмалку го очекуваат, а некои дека ќе пропуштат некој подобар ако во моментот се во врска. Сите имаат некои стравови во врската кои не сакаат секогаш да ги откријат на својот партнер.

Да се биде во врска е прекрасно додека личноста со која сме во врска не нѐ повреди. Тогаш остануваме да живееме во страв дека тоа ќе ни се случи повторно. Секој хороскопски знак има некој страв кога е во врска и кого нешто посебно го загрижува. Што е тоа што посебно го загрижува твојот партнер? Само треба да го знаеш неговиот знак во хороскопот и ќе откриеш.

Овен

Овенот е знак кој сака авантури и затоа не е чудно ако тој се плаши да не пропушти нешто (или некој) кога ќе влезе во врска. Секогаш се плаши дека за него е прерано да влезе во сериозна врска. 

Бик

Биковите нема да се врзат за секого, но ако некој им е навистина драг, кога ќе се врзат за него се даваат 100%. Нивниот страв е дека таа личност нема да им ја возврати љубовта во иста мера и дека во секој момент ќе се предомисли и ќе ги изневери.

Близнаци

Близнаците имаат сличен проблем како и биковите. Претерано се врзуваат за партнерот и му ја даваат целата љубов, а се плашат дека тој човек еден ден само ќе одлучи дека не е тоа што го сака и ќе ги напушти.

Рак

Ракот се плаши дека личноста со која што е сега во врска ќе му го направи истото што му го направила личноста од минатата врска. На кој начин и да биле повредени, се плашат дека истото може да им се случи повторно.

Лав

Лавовите нема на секој да му се отворат и да бидат потполно искрени, освен ако навистина ја сакаат личноста со која се во врска. Тогаш се плашат дека сите интимни работи кои ги споделиле со таа личност еден ден ќе ги употреби против нив.

Девица

Девиците најмногу се плашат од периодот пред официјално да започне врската. Нивниот страв е дека личноста која им се допаѓа ќе се предомисли, ќе ги одбие и нема да сака да започне врска со нив.

Вага

Вагата се плаши да се потруди околу врската и да даде сѐ од себе таа да успее и дека личноста со која е во врска тоа нема да го цени.

Шкорпија

Најголемиот страв на шкорпиите е надежта - конечно нашле некој кој е супер и кој е поинаков, кој им се допаѓа, но дека на крајот ќе излезе дека таа личност не е таква каква што замислувале и дека таа само глумела.

Стрелец

Иако некој му се допаѓа сега, и тоа многу, се плаши дека подоцна ќе се појави некоја друга личност која повеќе ќе му се допаѓа. Накратко, стрелците се плашат од врски.

Јарец

Јарците имаат малку поинаков страв од другите. Не се плашат дека партнерот ќе ги повреди или ќе ги остави, туку се плашат дека во врската ќе ја изгубат својата личност и дека ќе станат некој друг.

Водолија

Сите некогаш знаеме да се вљубиме во погрешни луѓе кои не повредуваат, а водолиите имаат посебна фобија дека ќе се заљубат во токсичен партнер. Внимаваат на знаците на предупредување повеќе отколку некој друг и ќе ги откачат потенцијалните партнери за ситници само за да спречат да се вљубат во лоша личност.

Риби

Се плашат да не бидат искористени. Се плашат дека некој ќе биде со нив од други причини, а не поради љубов.