Кој е рецептот за долговечна врска?

Постојано слушаме и читаме за состојките кои се потребни за успешна врска. Врските се комплицирани и бараат време, труд и посветување, но има една работа која мора да се има предвид доколку сакаме врската да ни биде долговечна.

За врската да може да преживее на долги стази и двете страни мораат да се трудат од самиот почеток. Ова е заклучокот на тим научници од Финска. На основа на едно истражување кое го спровеле на 500 парови, откриле дека ако едниот од нив се однесува лежерно и помалку размислува за заедничката иднина, а другиот уште од првиот ден е насочен во тој правец, односот нема да се развива рамномерно, па прашање на време е кога ќе западне во криза.

Страната која повеќе се труди кога-тогаш ќе почне да го префрла тоа на другата страна. Повеќе од 60% од испитаниците одговориле дека ги напуштиле партнерите кога сфатиле дека тие не се посветени како нив, а тоа со текот на времето ги изморило.

Брајан Мајрус, водачот на истражувањето, изјави: „Тие почнаа да го враќаат филмот и да се преиспитуваат зошто го прифатиле уште од почетокот. Во еден момент тоа почнуваат да го користат како материјал за префрлање, а тоа ги истрошува и врската природно мора да пукне.“