Кој е нашиот најдлабок страв?

Нашиот најдлабок страв не е дека сме неспособни.

Нашиот најдлабок страв е дека сме премногу моќни.

Нас нѐ плаши нашето светло, а не нашиот мрак. 

Постојано се прашуваме: Кој сум јас и како е можно да имам толку таленти, да имам толку прекрасни карактеристики? А зошто да немаме? Ние сме Божји деца. Нема да му помогнете на светот со преголема скромност. Нема ништо просветлувачки во тоа да се спуштате и смалувате себеси за другите луѓе да не се чувствуваат несигурно.

На сите нам ни е судено да блескаме. И кога нашата светлина и сјај ќе ги пуштиме да излезат на виделина, тогаш несвесно ги поттикнуваме и другите луѓе да го направат истото.

И како што се ослободуваме од нашиот страв, така нашето присуство и енергија ги ослободува и другите. 

~ Мариен Вилијамсон