Кој е најсилниот женски адут при заведувањето?

Не е тајна дека жените се поснаодливи во љубовните игри од мажите, а новото истражување покажува и дека тактиките им успеваат.

Психолозите сметаат дека жените уште на почетокот свесно повлекуваат одредени потези за да го заинтригираат партнерот, како на пример тоа што не му креваат на телефон или го одложуваат состанокот за да излезат со другарките.

Поголемиот дел од мажите кои учествувале во истражувањето сметаат дека жените непотребно ги комплицираат работите и прават проблем таму каде што нема, само за да видат до каде  можат да одат во врската.

Мажите тврдат и дека жените често стратешки прават нешто само за да ја видат нивната реакција и за да знаат како да се постават во иднина при некоја слична ситуација.

Резултатите од една анкета во САД покажале дека жените највеќе сакаат да „си играат чекање“, како на пример кога намерно ќе задоцнат на состанок, како и да се претставуваат како недопирливи и да им стават до знаење на мажите дека не можат да ги имаат.

Анкетите покажале и дека жените по 30-тата година воглавно играат на изгледот и го користат како адут при заведувањето, па затоа „спонтано“ го прашуваат партнерот како им стои некој фустан сакајќи да го насочат вниманието кон нивното тело, деколте или нозе. Одговорот на тоа прашање не е баш лесен, затоа што ако мажот пребрзо даде некој комплимент, тоа најчесто ќе биде сфатено дека не гледал доволно внимателно туку го кажал тоа колку да го каже.

Според мислењето на мажите во голем број анкети, омилена љубовна игра на повеќето жени е да се прават дека се слаби, немоќни, трапави и неспособни, па секогаш им е потребна помош од партнерот и неговото присуство.

Јасно е дека тие би можеле и самите да убијат инсект, да отпатуваат некаде, да заковаат клинец или да променат светилка, но дамите на тој начин им покажуваат на партнерите колку им се потребни и дека без нив не можат да функционираат.